јуни 12, 2026

Учество на работилница за млади

Волонтерите на Црвен крст – Општинска организација Ресен зедоа активно учество на младинската работилница организирана од Црвен крст Демир Хисар, со вклученост на младите од ЦК Струга, Радовиш, Крушево, Ресен и Демир Хисар.

Нашата организација беше претставена од волонтерите:

🔹 Теодора Проевска

🔹 Теодора Беличовска

🔹 Ана Јанчевска

Во рамки на работилницата, учесниците имаа можност да учествуваат во интерактивни активности насочени кон запознавање, градење тимски дух и размена на искуства, како и едукативни сесии за брендирање на логото на Црвениот крст и обука за работа во Canva. Програмата беше збогатена со квиз, ice-breaking активности и младински игри, кои придонесоа за позитивна и мотивирачка атмосфера.

Настанот претставуваше одлична можност за зајакнување на соработката меѓу општинските организации и поттикнување на младинскиот активизам во рамки на Црвениот крст.

👏 Благодарност до Црвен крст Демир Хисар за поканата и одличната организација!

< врати се назад