
јуни 20, 2026
Prespa Run and Fun 2026
Волонтерите на ООЦК Ресен беа дел од спортскиот настан Prespa Run and Fun, каде со својата посветеност и ентузијазам дадоа значајна поддршка во организацијата и реализацијата на настанот.
Горди сме на нашите волонтери кои преку тимска работа, одговорност и хуманост придонесоа за успешно одржување на оваа прекрасна спортско-рекреативна манифестација.
Им благодариме на организаторите за довербата и на сите учесници кои беа дел од овој незаборавен ден исполнет со спорт, дружење и позитивна енергија.
Честитки за целата организација на настанот, и посакуваме многу успеси понатаму!











































