
август 6, 2026
Повторна презентација на сервисот: ,,Помош и нега во домот”.
На 06.08.2026 година ООЦК Ресен , во централното градско подрачје повторно направи презентација на новиот сервис во градот : Помош и нега во домот.
Поделени беа флаери и спроведени информативни разговори со повозрасната популација на граѓани во Ресен.
Во склоп на овој сервис и во служба на граѓаните отворена е и проектната канцеларија која се наоѓа во склоп на Општината во Ресен, каде граѓаните може да се информираат околу потребната документација за корисниците.











































