
јули 10, 2026
Отворен ден за промоција на клубот на млади на ООЦК Ресен
Денес на 10.07.2026 година клубот на млади при Црвен крст на РСМ Општинска организација Ресен организираше отворен ден за претставување и промоција на нивните активности и летната програма за работа, со цел да се зголеми бројот на волонтери и членови на ООЦК Ресен.
Воедно беше направена и најава за Регионалната крводарителска акција , која ќе се реализира на 14.07.2026 година, во НУ Центар за култура ,,Григор Прличев’’ – Охрид.
Исто така граѓаните беа информирани и за заштита од шумски пожари и совети при високи температури.
Благодарност за отстапениот простор за активноста на Кафе бар Concept.















































