јуни 12, 2026

Основи на Прва Помош

⛑️Денес беше спроведена едукација за Основите на прва помош, со акцент на реанимација. За време на презентацииите, на учениците и дел од вработени им беа објаснети основните чекори на првата помош, како што се:

• Проценка на состојбата на повредениот

• Повик до професионална помош

• Грижа за повреден

• Помош при несвестици и други итни состојби

Покрај теоретскиот дел, учениците реализираа и многу успешни практични активности, при што демонстрираа:

• Поставување на повредениот во безбедносна положба

• Симулации на реални ситуации за укажување на прва помош.

⛑️Едукациите беа реализирани во Основните училишта ,,Димитар Влахов” – Љубојно, и ,,Славејко Арсов” – Подмочани.

❤️Вкупно едуцирани ученици, околу 80 деца.

⛑️Едукациите беа реализирани од претседателот , едукаторот, и волонтер во ООЦК Ресен, Др. Кире Доновски.

⛑️Целта на едукациите беше развивање на свеста кај младите за значењето на солидарноста и помагањето на другите.

< врати се назад