јуни 12, 2026

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВО-САДОВИ ЗАБОЛУВАЊА

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Ресен, ја одбележува Неделата на борба против срцево-садови заболувања, која се реализира во периодот од 21 до 28 февруари 2026 година под мотото „Здрав живот, здраво срце“.

📌На 27 февруари 2026 година во просториите на општинската организација, од страна на наш волонтер Др.Кире Доновски беше реализирано едукативно предавање на оваа тема со кое поставени и одговорени беа повеќе прашања поврзани со кардиоваскуларните заболувања-што претставуваат кардиоваскуларните заболувања,срцев и мозочен удар, причини и последици од истото, симптоми и ризик фактори, причини и превенција…

🩸Во рамки на активноста покрај едукацијата за сите присутни беше обезбедено бесплатно мерење на шеќер, притисок како и индивидуални разговори и совети.

Присутни на активноста беа членови на Преспанското здружение Јаболче-Здружение на лица со дијабет и останати граѓани.

Со ваквите активности Црвениот крст продолжува активно да придонесува во подигање на јавната свест за значењето на превенцијата и зачувувањето на здравјето, поттикнувајќи одговорен однос кон сопственото срцево здравје.🫀❤️

< врати се назад