
МОЈОТ ПРИДОНЕС Е ВАЖЕН
На 9 октомври 2026 година, во просториите на Црвениот крст – Општинска организација Ресен, се одржа работилницата „Мојот придонес е важен“, наменета за волонтерите во ЦК и ангажираните лица во ЦК по повод 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје.
Преку интерактивни активности и индивидуална рефлексија, вработените и волонтери и ангажирани лица, имаа можност да ги препознаат своите силни страни, успеси и придонес во работната средина.
Посебен акцент беше ставен на меѓусебната поддршка, позитивното признание и грижата за менталното здравје и психо-социјалната добросостојба.
Работилницата ја истакна важноста на секој вработен и неговиот придонес во тимот, како и потребата од создавање позитивна и поддржувачка работна средина.
Главна порака: Секој има своја вредност, секој придонес е важен, а грижата за менталното здравје започнува и со вреднување на сопствениот труд.
Да се поддржуваме, да се охрабруваме и да се грижиме едни за други, затоа што менталното здравје е важно!












































