
август 14, 2026
Младински пикник
На 14.08.2026 година се одржа младински пикник во организација на клуб на млади ООЦК Ресен, на кој присуствуваа голем број млади и нови волонтери.
Поради временските услови, активностите продолжија во затворен простор, но тоа не ја намали одличната атмосфера. Волонтерите се запознаа со основањето и работата на Црвениот крст, проследено со СБО демонстрација, а потоа следуваа бројни игри и активности.
На крајот, преку Kahoot квизот, волонтерите имаа можност на забавен начин да го проверат своето знаење за Црвениот крст.
Благодарност до сите кои беа дел од овој прекрасен ден!











































