
јули 20, 2026
Летен камп за млади
И оваа година во Струга се одржува летен камп за млади во организација на ЦКРСМ
Од клубот на млади на ЦК Ресен учествуваат Лидерот на клубот Дијана Секуловска и претставникот во Совет на млади Ана Марија Георгиевска.
Во текот на наредните 7 дена на летниот камп преку рганизирана програма за млади ќе учат преку работилници, практични активности и дружење за:
Лидерски вештини – како да водиш тим и да организираш активности.
Комуникација – јавно говорење, работа во група и решавање конфликти.
Тимска работа – соработка и градење доверба
Личен развој – самодоверба, поставување цели и управување со време…













































