
септември 23, 2026
Крводарителска акција – Ресен
На 23.09.2026 година, во просториите на Општина Ресен, Црвениот крст успешно реализираше крводарителска акција по повод јаболкоберот, со поддршка на нашите волонтери.
Во акцијата учествуваа 50 крводарители, кои со својата хуманост и солидарност дадоа значаен придонес во спасувањето на човечки животи.
Црвениот крст упатува голема благодарност до сите крводарители, волонтери и поддржувачи кои ја поддржаа оваа хумана иницијатива.
Во септември се реализираа две крводарителски акции на кои беа дарувани 89 единици крв.
Дарувај крв – спаси нечиј живот!











































