
август 24, 2026
Крводарителска акција
На 24.08.2026 година, во просториите на КУД Таше Милошевски, Црвен Крст успешно реализираше крводарителска акција со поддршка на нашите волонтери.
Во акцијата учествуваа 40 крводарители, кои со својата хуманост и солидарност дадоа значаен придонес во спасување човечки животи.
Црвен крст упатува голема благодарност до сите крводарители и К.У.Д. Таше Милошевски за ослободениот простор!
Секоја капка крв е шанса за нов живот.
Биди нечиј херој денес! Не со сила, туку со срце. Крводарителството не боли, но значи сè за оној што чека надеж.











































