мај 17, 2026

ХУМАНИ РЕСЕНЧАНИ

💛Во склоп на проектите Црвен Крст во акција – Промоција на хумани вредности ( ЦКА – ПХВ ) оваа година групата ,,Хумани Ресенчани” со мини менторот Теодора Проевска имаа цел да помогнат во дневниот центар.

Сакаа да остават нешто долготрајно и нешто кое ќе го користат и одгледуваат штитениците.

⛑️Тимот изработи пластеник за засадување на различни билки, овошја и зеленчуци кои ќе ги развиваат сите моторни сетила на лицата. Како најголема мотивација за понатамошна соработка ни се штитениците кои помагаат во секоја активност и беа вклучени во изработката на пластеникот и одгледувањето на насадите.

❤️Голема благодарност изразуваме до помагателите кои донираа за изработката:

•Преспа Промет Ресен

•Агромедика Ресен

•Љупчо Крстевски

Изразуваме благодарност и до вработените во Дневниот Центар.

Линк: https://www.facebook.com/share/v/14j7UKujuYQ/

< врати се назад