јули 15, 2026

Биди дел од промената-биди волонтер!

Денес во просториите на ООЦК Ресен се оддржа дисеминациско-ориентациска сесија за новите волонтери , со цел да се запознаат со организацијата, нејзините вредности и принципот на работа како и можностите за волонтирање.
Истата беше одржана од страна на Ана Марија Ѓоргиевска , долгогодишен волонтер и член на Клубот на млади во ООЦК како и делегат во националното тело на млади на ЦКРСМ.
Таа ја сподели нејзината волонтерска приказна преку интерактивна презентација и игра ,,Бинго – Црвен Крст”.
На оваа работилница учествуваа 7 нови волонтери.

< врати се назад