август 6, 2026

Активност за заштита од топлотен бран

На 06.08.2026 година, волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Ресен реализираа превентивна активност по повод заштита од топлотниот бран. Во рамки на активноста, во централното градско подрачје на граѓаните им беа поделени шишиња вода едукативни флаери со препораки за заштита од високите температури.


Преку директна комуникација со граѓаните, младите волонтери ја истакнаа важноста од редовна хидратација во текот на топлите летни денови и ги информираа за ризиците од изложеност на високи температури и ултравиолетово (УВ) зрачење.


Тие ги потсетија граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од денот кога температурите се највисоки, да престојуваат во разладени простории или под сенка, да носат лесна и светла облека и редовно да внесуваат течности, со цел да се намали ризикот од последиците на топлотниот бран.

< врати се назад