
октомври 1, 2026
1-ви Октомври , Меѓународен ден на старите лица
На 1-ви Октомври го одбележавме Меѓународниот ден на старите лица.
Оваа година го одбележавме овој ден со новиот сервис : Помош и нега за стари лица , во општина Ресен. Сервисот е веќе функционален, негователите вршат теренска посета во домовите на корисниците на оваа услуга.
На ваков начин ја истакнуваме важноста за грижата за старите лица во заедницата.
Напомена: Услугата за корисниците е БЕСПЛАТНА.
Сите заинтересирани стари лица кои имаат потреба од овој вид на услуга можат да се пријават во нашата канцеларија.














































