
јануари 26, 2025
СОСТАНОК СО КЛУБ НА МЛАДИ
Во рамките на Клубот на Млади при ООЦК Ресен се одржа состанок со дел од членството во Клубот на Млади. За време на состанокот,младите креираа план за реализирање на тековните активности во 2025. Дополнително, се направи една ревизија на нашите успеси во 2024та година и сите учесници ги споделија своите искуства и совети за поефективно работење и спроведување на активности во Клубот на Млади. Оваа средба беше предводена од страна на наш долгогодишен волонтер- Менче Јовановска
Очекувајте многу интересни настани. Сакаш да волонтираш на дел од нив? Контактирајте не на нашите социјални мрежи (Facebook или Instagram).


