
јули 30, 2025
Прва помош за најмалите
Демонстратори од Клубот на Млади одржаа едукативна и забавна активност со дечињата во објектот „Јаболче” и градинката „11 Септември“, каде преку игра и практични примери ги запознаа со основите на првата помош.
Научивме како се става правилно и безбедно ханзапласт, како да се направи преврска, што да се прави при крварење од нос и дури и основи на срцево-белодробно оживување
На крај, дечињата со големо задоволство вежбаа едни на други – ставаа ханзапласт на своите другарчиња, ги облекоа нашите елеци и вежбаа ставање завој.







< врати се назад