
НЕДЕЛА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА
По повод неделата на хигиенизација, под мотото,,Хигиената-лична обврска за колективно здравје” на ден 11.04.2025 година Црвен Крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Ресен, реализира две едукативни работилници во ЈОУГД 11 Септември во Ресен. ![]()

Едукациите беа реализирани во двете детски градинки и опфатени околу 60 слушатели од големите групи.![]()

На овие предавања учениците беа запознати со тоа што е хигиената, зошто се практикува, како со одржувањето на хигиена спречуваме и намалуваме ширење на бактериски вирусни инфекции, сезонски грип и настинка. Заеднички беше дискутирано за тоа што е лична хигиена, зошто миењето раце, одржување на домашна хигиена и хигиена на храна е доста важно.

Учениците беа доста активни поставувајќи прашања на кои добиваа одговор. Едукациите беа реализиранио од Александра Фузевска и Емира Ахмедовска.




< врати се назад











































