
февруари 27, 2025
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА
Во периодот од 21-ви до 28-ми февруари, Црвен Крст на Република Северна Македонија ја одбележува неделата на борба против срцевосадови заболувања под мотото „Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања”.

Општинската организација при Црвен Крст Ресен ООЦК Ресен одржа 2 едукативни предавања на оваа тема преку кои се опфатија вкупно 30 ученици и наставен кадар. Целта на овие едукации е да се подигне свеста кај граѓаните за сериозноста на болестите поврзани со кардио-васкуларниот систем и промовирање на начини за нивна превенција. Предавањата беа водени од страна на наши едукатори, Кети Гелмановска и Фиола Мемети.




< врати се назад