
јануари 27, 2026
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – ЈАНУАРИ
На 23.01.2026 година, во просториите на Општина Ресен, Црвен Крст успешно реализираше крводарителска акција со поддршка на нашите волонтери.
Во акцијата учествуваа 37 крводарители, кои со својата хуманост и солидарност дадоа значаен придонес во спасување човечки животи.
Црвен крст упатува голема благодарност до сите крводарители, волонтери и до Општина Ресен за поддршката и соработката.



< врати се назад











































