
јануари 26, 2025
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – ЈАНУАРИ
Денес, во просториите на Општина Ресен беше одржана крводарителска акција, на која 41 дарител ја покажаа својата хуманост.

Доколку сте заинтересирани за дарување, контактирајте не нашите социјални мрежи (Facebook или Instagram) или обратете се директно во просториите на Општинската Организација на Црвен Крст Ресен (точната адреса може да ја најдете ТУКА). Дополнителни фотографии може да пронајдете на нашата FACEBOOK страна. Благодарност до сите дарители и Општина Ресен за одвоените простории.
