
ноември 14, 2024
Хуманитарна акција – Денот на гладта
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Ресен во текот на активностите за Денот на гладта реализираше заеднички активности со ООУ Славејко Арсов од с.Подмочани.
Организирана од нивна страна беше собирна акција на финансиски средства преку која беа собрани 23.600 денари. Младите волонтери заедно со директорката и вработените во училиштето со овие средства подготвија вкупно 20 пакети со храна и хигиена,кои понатаму се дистрибуирани до семејства со вакви потреби.

