
јануари 26, 2025
ДИСЕМИНАЦИЈА ЈАНУАРИ
Клубот на Млади при ООЦК Ресен го започнува своето спроведување на активности во 2025 со нивната прва активност.
Од страна на обучено лице – Менче Јовановска, беше спроведена дисеминација, преку која младите направија ревизија на своето знаење, а воедно се стекнаа и со дополнителни информации кои ќе им бидат корисни во нивниот понатамошен развој преку Црвен Крст програмите. Освен тоа, младите беа дел од многу вежби за тим билдинг, преку кои можеа да почувствуваат како е да се работи во група.







